За нас
Фирмата ДГТУ БАУ-АБФ ДОО СКОПЈЕ експорт-импорт с.Љубин, Сарај Скопје, фирмата е во приватна сопственост на Фета Шаиновски-директор и е основана во 2005 година по преземање од неговиот татко кој предходно имал основано исто таква фирма од 1995 година.

Моментално во БАУ-АБФ доо Скопје има повеќе од 20 работници а исто така во тек е вработување на нови работници кои исклучиво се од стручен кадар.
Секој вработен во фирмата има извршено лекарски преглед за што има и лекарско уверение, исто така имаат и уверенија-сертификати за стручна способност за работа со градежни машини.
Фирмата БАУ АБФ ДОО СКОПЈЕ за сите товарни возила т.е. камиони има лиценци за вршење на јавен и сопствен превоз , сертификати за исправноста на товарните моторни возила и градежните машини.
Исто така секој вработен има извршено обука за безбедноста при работа.
Од основниот капитал располага со сопствен возен парк составен од: од градежни машини, товарни возила и други додатни возила кои се потребни за стручно извршување на градежните работи и сите се во употреба.